Достапни линкови

Избори во Авганистан


Авганистанки гласаат во Кандахар

Авганистанки гласаат во Кандахар

Избирачките места ќе бидат затворени во 13.30 по средно европско време. Право на глас имаат 17 милиони авганистанци , а десетици илјади авганистански и странски трупи се распоредени да ги обезбедуваат изборите. На овие избори има близу 5 милини гласачи повеќе отколку на изборите во 2005-та. Предизборието беше обележано со низа насилства и закани на талибанците дека ќе извршат напади на денот на изборите. Актуелниот Претседател Хамид Карзаи кој е на власт од остранувањето на талибанскиот режим пред 8 години е предизвикан од бившиот министер за надворешни работи Абдула Абдула и 30 други кандидати. Карзаи гласаше веднаш по отворањето на гласачките места.
Безбедносни проверки во Авганистан

"Јас сум убеден дека ова е за мир, прогрес и доброто на сите авганистанци. Јас барам, авганистанците да излезат и да гласаат за преку нивниот глас да добие по безбедна и подобра држава".

Неговиот главен против кандидат Абдула Абдула изјави

"Јас сум среќе што и покрај загриженоста за безбедноста, и злоупотреби голем број лица гласаат.Се надевам дека загриженоста нема да ги сопре луѓето да излезат и гласаат".

Доколку ниту еден од претседателските кандидати не освои над 50 насто од гласовите, втор круг ке биде одржан најверојатно во Октомври. Авганистанските власти со цел гласачите да не се уплашат да излезат и како превентива на талибанските напади, се заканија на странските новиунари дека ке бидат протерани ако известуваат за напади за време на гласањето. Оваа закана беше широко осудена од Обединетите Нации, Соединетите Држави и авганистанските и меѓународни новинарски асоцијации.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG