Достапни линкови

95 загинати и 563 ранети во Багдад


Билансот од денешните бомбашки напади во Багдад се искачи на 95 загинати и 563 ранети, во шест одделни експлозии.
Со тоа денешниот ден станува најкрвав ден во ирачката престолнина, откако, во јуни, американската армија им ја препушти контролата на градовите, на ирачките сили.
Полицијата соопшти дека експлозиите се случиле во кратко време, и дека мета им биле владини цели.
Првиот камион бомба експлодирал пред Министерството за финансии на Ирак, уништувајќи дел од околните згради.
Дописникот на Радио Слободен Ирак, Саад Камел беше во близина на министерството за надворешни работи во Багдад кога експлодираше втората бомба.
„Најразурнувачката, налоша и најкрвава експлозија одекна во близина на министерството за надворешни работи. Тоа беше камион со средна големина, наполнет со експлозив. Експлозијата ја оштети зградата на министерството, но и други згради во околината. На околниот паркинг се тешко оштетени повеќе од 800 возила“, јавува дописникот од Ирак.
XS
SM
MD
LG