Достапни линкови

logo-print

Мал авион принудно слета во овоштарник во тетовско


Мал авион попладнево принудно слета во овоштарник во тетовското село Сараќино. Леталото е оштетено, но нема повредени, објави државната новнинска агенција МИА.
Во авионот имало четири патници и два пилоти.
Неофицијално, сопственикот на авионот, со семејството се враќал од годишен одмор во Задар во Хрватска. Oд засега неутврдени причини леталото непланирано слетало во овоштарникот. Се претпоставува дека му откажал едниот мотор, наведува МИА.
XS
SM
MD
LG