Достапни линкови

Терористи на југот на Србија?


Српската полиција пронајде голема количина на оружје, во селото Кончуљ, во близина на Бујановац, на југот на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ.
Тој соопшти дека во цистерната, која била закопна и заварена, полицијата пронашла бомби, нагазни мини, рачни фрлачи, пушки и муниција.
Истражниот судија Станиша Михајловиќ за телевизијата Б92 изјави дека случајот се третира како тероризам и дека оружјето било во добра состојба.


XS
SM
MD
LG