Достапни линкови

logo-print

Албанија ја отфрла протестната нота на Србија


Албанското Министертво за надворешни работи ги отфрла обвинувањата на Белград дека изјавите на премиерот Сали Бериша се провокација и груба повреда на територијалниот интегритет на Србија.
Во реакцијата на официјална Тирана, која следува по протестната нота од Белград, се наведува дека не станува збор за никаква провокација кон Србија, туку дека се нагласува „соработката меѓу Република Албанија и Република Косово“ која се заснoва на меѓусебно почитување и која има за цел европска интеграција.
Како потврда на фактот дека Албанија е отворена за секоја иницијатива која значи интеграција на регионот, во реакцијата се споменува, укинувањето на визите за српските граѓани за влез во Албанија за време на туристичката сезона.
XS
SM
MD
LG