Достапни линкови

Ал Асад во Техеран


Иранското државно радио објави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад пристигнал во Техеран да му честита на претседателот Махмуд Ахмадинеџад за реизборот на претседателската функција. Се очекува Асад, да лобира за ослободување на француската наставничка Клотилде Реи, на која и се суди заедно со уште стотина луѓе за учество во постизборните протести.
Минатата недела таа е пуштена од притвор, но судските власти и забранија да ја напушта државата. Франција, минатата недела, и заблагодари на Сирија за заложбата за ослободување на иранецот вработен во француската амбасада, на кого му се судеше во истиот процес.
XS
SM
MD
LG