Достапни линкови

Атина му одговори на Нимиц - Скопје утре


Прес-службата на Обединетите Нaции наведува дека грчкиот претставник во разговорите за името Адемантиос Василакис синоќа во Њујорк на посредникот Метју Нимиц му го предаде одговорот на Атина за неговиот модифициран сет-идеи претставен за време на јулската посета на Грција и на Македонија. Воедно се најавува дека Нимиц в четврток во Њујорк ќе се сретне и со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, кој треба да му ги пренесе ставовите на Македонија.За средбата Нимиц - Василакис, се наведува само дека медијаторот ги примил грчките гледања за идеите што биле разгледувани во јули во Атина. Mедиумите во Грција повикувајќи се на свои дипломатски извори, објавуваат оти Атина искажала повеќе забелешки особено за употребата на евентуалното компромисно име, што според нив, треба да се базира на предлогот „Република Северна Македонија“ и да биде за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG