Достапни линкови

ММФ - Светот се опоравува


Меѓународниот Монетарен Фонд соопшти дека светот започнал да се опоравува од рецесијата, но и дека обновата бара нов начин на размислување акција на големите економии. Главниот економист на ММФ Оливер Блашард изјави дека оваа рецесија оставила длабоки лузни чии последици врз набавките и побарувачката ќе се чувствуваат со години. Во извештајот на Фондот се наведува дека економиите, како оние на Соединетите Држави, треба да се ре-фокусираат врз нивниот извоз, додека Азиските држави, како Кина да ги охрабрат граѓаните да трошат за да се зголеми увозот.
XS
SM
MD
LG