Достапни линкови

Сто компромиси во интерес на земјата


Претседателот Хамид Карзаи

Претседателот Хамид Карзаи

Според, истражувањата на јавноста, 62 насто од авганистанците сметаат дека Авганистан се движи во вистинска насока, а се предвидува дека 44 насто би гласале за него на претседателските избори. Во интервјуто со директорот на авганистанскиот сервис на Слободна Европа, Карзаи е убеден дека останува на функцијата.

“Денеска нашите заштеди во девизи и злато се 3, 7 милијарди долари, а пред седум години беа само 180 милиони долари. Авганистанското производстви и трговија се зголемени за три до четри пати. Авганистанците се горди на својот идентитет и нивните знамиња се веат на секаде во светот. Оваа земја повторно стана дом за сите авганистанци”.
Афганистанците ја следат ТВ дебата мегу кандидатите за Претседател

Карзаи вели дека поради националниот интерес склучил договори со локалните старешни и таканаречени господари на војната и дека во интерес на авганистанците и сто пати ако треба ке направи компромис.Актуелниот претседател Хамид Карзаи, кому главен против кандидат на претседателските избори му е бившиот министер за надворешни работи Абдула Абдула, негира дека во Авганистан може да се случи иранско сценарио како пост изборна криза. Тој од сите авганистанци, вклучително и талибанците побара да гласаат. Тоа, според Карзаи, ке биде придонес за мирен и стабилен Авганистан.

“Нашите деца кои сега имаат 5 години, за 20 години ке имаат по 25 години и тие ке живеат во многу по мирољубив Авганистан отколку денеска. Тоа ке биде просперитетна држава и никој нема да мора да оди во светот да бара подобар живот”.

Во врска со критиките за начините на кои странските сили ја водат војната против теророт Карзаи вели дека главниот проблем се цивилните жртви.

“ Како резултат на договорот минатата есен за цивилните жртви и истрагите по куќите, ситуацијата сега се подобри. Нo ние би сакале да е уште подобра”.

Изјави актуелниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи во интервју за Слободна Европа. Изборите во Авганистан, односно мегу 6200 и 7000 избирачки места, кои ке бидат отворени во зависност од ситуацијата, ке бидат обезбедувани од 300 илјади авганистански и странски трупи поради оркестрираните напади на талибанците.

Нато соопшти дека на денот на изборите ке ги суспендира операцииите и ке се фокусира на безбедноста на цивилната популација. Хјуман Рајтс Воч изрази загриженост дека изборите можат да бидат компромитирани од слаб одзив поради страв за безбедноста, потоа поради насилство, злоупотреби и застрашување. Во Авганистан има 17 милиони регистрани гласачи.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG