Достапни линкови

Продлабочување на соработката меѓу Сирија и Ирак


Сирискиот претседател Башар ал Асад и ирачкиот премиер Нури Ал Малики се заложија за подлабока соработка меѓу нивните земји. На средбата во Дамаск Асад ја повтори поддршката за единство и стабилност на Ирак, додека пак Малики и оддаде признание на Сирија за нејзината позитивна улога во процесот на стабилизација на неговата земја. Во соопштението од средбата се вели дека тие ќе се посветат на зајакнување на соработката на безбедносен, политички и економски план.
XS
SM
MD
LG