Достапни линкови

logo-print

Мајкл Џексон ќе биде погребан на 29-ти август


Останките на Мајкл Џексон ќе бидат погребани при крајот на овој месец, на денот кога кралот на поп музиката ќе го прославуваше својот педесет и први роденден. Семејството на пејачот соопшти дека тој ќе биде погребан на 29-ти август, на приватна церемонија во околината на Лос Анџелес во градот Глендејл на која ќе присуствува само потесното семејство и неговите најблиски пријатели. Џексон почина на 25-ти јуни и сеуште се истражува причината за неговата смрт.
XS
SM
MD
LG