Достапни линкови

Тренинг локалитет за алпинизам во Охрид


Охрид
Охрид

Во Охрид е отворен тренинг локалитет за алпинизам сместен на карпата до црквата Св. Јован Канео, препознатливиот симбол на градот и езерото. Очекувањата се дека новиот алпинистички тренинг локалитет ќе биде ставен во промотивниот материјал на туристичката понуда на Охрид.

Природната,културно-историска и забавно-рекреативна туристичка понуда на Охрид е збогатена со нов атрактивен тренинг локалитет за алпинизам на врвот од стариот град, на карпата до црквата Свети Јован Канео, препознатливиот симбол на Охрид и Охридското Езеро. Локалитетот за практикување на техниките на алпинизам и спасување на непристапни предели го уредија и опремија новиот алпинистички клуб "Апекс" и Охридскиот Црвен Крст и тој од неодамна е отворен за сите што го посетуваат овој дел на Охрид. За нив има соодветна опрема и асистенција за искусување на оваа спортска атракција, што нуди посебен вид на возбуда и добар панорамски поглед на градот и езерото.

„Овој локалитет е многу интересен прво поради неговата близина до самиот град, до обичните граѓани. Околу Охрид имаме многу
Овде имаме еден локалитет кој е до самата патека, каде се движат сите туристи,па дури и жителите на стариот дел на Охрид. Тој е интересен бидејќи е наменет за луѓе кои буквално прв пат имаат контакт со природна карпа. Значи, секој кој има желба,може да проба и нема да е разочаран, ќе може барем малку да доживее од она што значи искачување на карпа
алпинистички локалитети, кои се дури и од малу посериозен и поделикатен тип, за понапредни алпинисти, но тие се оддалечени дваесеттина километри од градот и доста е тешко обичните луѓе да ги забележат и видат. Овде имаме еден локалитет кој е до самата патека, каде се движат сите туристи,па дури и жителите на стариот дел на Охрид. Тој е интересен бидејќи е наменет за луѓе кои буквално прв пат имаат контакт со природна карпа. Значи, секој кој има желба,може да проба и нема да е разочаран, ќе може барем малку да доживее од она што значи искачување на карпа.“

Вели Антонио Додевски, алпинист и секретар на Црвениот Крст од Охрид, кој е позитивно изненаден од интересот што за овој спорт го пројавиле Охриѓани, гостите, странците и посебно младите и нивните родители.

„Во минатото имавме проблем, овој тип на спортови се малку проблематични затоа што во Македонија постои скепса и многу често родителите не им дозволуваат на нивните деца да се занимаваат со нешто вакво. Но, овде бевме изненадени и се надеваме дека ќе продолжи целата активност по тој терк,посебно затоа што нашите тенденции се да работиме со младата категорија на луѓе, бидејќи од децата, за неколку години стануваат врвни спортисти, а тоа е нашата цел.“

Вели Додевски, кој очекува новиот алпинистички тренинг локалитет кај Канео да биде ставен во промотивниот материјал на туристичката понуда на Охрид, што со него добива посебна атрактивност, а Македонскиот алпинизам се издигнува на повисоко ниво. Но според Додевски државата треба повеќе да се ангажира во поддршка на класичните алпинистички акции и подвизи на Македонските алпинистички експедиции на светските врвови, со што би се продолжиле традиците на Диме Илиевски Муратот, Константин Циривири и други наши познати алпинисти. Македонските алпинисти и професионалниот фотограф и алпинист од Струмица Александар Дончев подготвија изложба на фотографии "АЛПИ 2008" што почна од Охрид и ќе продолжи да патува низ Македонија, а во Охрид во спорстката сала "Билјанини Извори" при крај е вештачката карпа за тренинг во искачување на почетниците алпинисти во зимскиот период.
XS
SM
MD
LG