Достапни линкови

Грузија излезе од ЗНД


Грузија стана прва држава што ја напушти Заедницата на независни држави, составена од поранешни Советски републики. Грузија, денеска, го заврши процесот на истапување, кое го најави минатата година за време на краткотрајната војна со Русија. По излегувањето на Грузија, членки на Заедницата на независни држави остануваат Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Украина, Узбекистан и Тукменистан, кој е придружна членка.
XS
SM
MD
LG