Достапни линкови

Ал Каеда презеде одговорност за нападот во Мавританија


Северноафриканската организација на Ал Каеда ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад од 8 август, соопштува американска набљудувачка организација. Нападот се случи во близина на француската амбасада во главниот град на Мавританија, Нуакшот. Во нападот беа полесно повредени тројца луѓе, меѓу кои и двајца француски жандарми.

XS
SM
MD
LG