Достапни линкови

Путин вети повеќе пари за аеро-вселенската индустрија


Рускиот премиер Владимир Путин вети дека ќе даде повеќе државни пари за развој на националната авионска и вселенска индустрија, за тој сектор да може да заземе поголем дел од светскиот пазар. Путин, денеска, ја отвори најважната годишна воздухопловна смотра во Русија. Смотрата треба да ја претстави руската авиотехнологија, во време кога руската авионска и вселенска индустрија мора, се повеќе, да се потпираат на извоз. Пред два дена, еден пилот загина во судир на два авиони кои вежбаа за смотрата.

XS
SM
MD
LG