Достапни линкови

Експлозии во Кабул, најмалку тројца загинати


Во Кабул денеска дошло до силна експлозија само неколку часа откако две гранати паднале во близина на претседателската палата. Станува збор за напад со автомобил бомба при што најмалку три лица загинале, а над дваесет биле повредени. Денеска талибанците, на два дена пред претседателските и локалните избори, се заканија дека ќе го попречат гласањето. Силите предводени од НАТО во Авганистан соопштија дека за изборите ќе ги прекинат офанзивните воени операции. Алијансата само ќе извршува акции неопходни за заштита на гласачките места.

XS
SM
MD
LG