Достапни линкови

logo-print

Буџетот се крати, АРМ ќе ја изгуби кондицијата?


Припадници на Армијата на Република Македонија

Припадници на Армијата на Република Македонија

На одбележувањето на Денот на Армијата, експертите предупредуваат дека кратењето на буџетот за модернизација на АРМ, што редовно се прави во последните години, може да придонесе за губење на борбената готовноста на нашата Армија и да не доведе во ситуација на повторно преоценување од страна на НАТО.

Генералштабот на АРМ во рамките на одбележување на 18 август, Денот на Армијата најави дека од наредната година ќе има зголемување на бројот на мировници во Авганистан. Нов контигент ќе отпатува во оваа земја, овој пат со поинаква мисија од онаа што се одвива сега таму, а тоа е помош во обучување на авганистанските безбедносни сили. Сеуште не се знае колку војници ќе бидат испратени, но почнати се подготовките за новата мисија. Во последниве години редовно се крати буџетот за модернизација на Армијата. Гледано на подолги патеки тоа ќе доведе до губење на кондицијата на нашите вооружени сили за успешно остварување на нивните задачи во мисиите, вели професорот Трајан Гоцевски. Тоа ќе доведе до повторна оценка на НАТО за нашата подготвеност да им се приклучиме, вели тој.
Доколку не се преземат посериозни чекори околу модернизација и опремување на нашата Армија, значи може во наредната година да почнат дебатите околу борбената готовност на нашата Армија.


„Доколку не се преземат посериозни чекори околу модернизација и опремување на нашата Армија, значи може во наредната година да почнат дебатите околу борбената готовност на нашата Армија. Тоа е моја лична проценка и мислам дека надлежните структури треба тоа многу сериозно да го сватат и во никој случај не треба да дозволиме една исклучително добра позиција која што ја имаме како држава во меѓународните институции, особено во НАТО и ЕУ, да се доведе на преоценување.“

Со кратење на буџетот е забавен процесот на нашиот од кон НАТО, а со тоа може и да се уништи досегашната успешна работа и реформите кои претходно беа спроведени, вели Исмет Рамадани од Евро-атланскиот совет на Македонија.

„Ако не продолжиме да одговараме на тие стандарди кои се бараат, тогаш со вакво кратење на буџетот се плашам дека еден ден може да се заклучи, дека повторно треба уште нешто, уште повеќе да се направи во однос на модернизација, реформи кои се однесуваат на Министерството за одбрана, односно Армијата.“

Пред неколку дена четири наши војници беа полесно повредени во самоубиствен напад со автомобил бомба во Авганистан. Македонија моментално има 178 војници во мировните мисии. Дел од нив се наоѓаат во Авганистан, дел во Босна и Херцеговина и во Либан. Додека пак досега во сите мисии учествувале 1746 наши војници.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG