Достапни линкови

Во Чеченија, убиени петмина цивили


Во Чеченија вчера неколку вооружени лица убиле петмина цивили, соопшти денеска регионалниот оддел на руското министерство за внатрешни работи. Се прецизира дека станува збор за исламски бунтовници кои влегле во куќа на едно руско семејство во селото Первомајска во источниот дел на Чеченија при што убиле двајца мажи и три жени. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров го осуди ова, како што изјавил, варварско злосторство.
XS
SM
MD
LG