Достапни линкови

logo-print

Војната во Авганистан заради одбрана на САД


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека победата против талибанците во Авганистан нема да биде ни брза, ни лесна, но оти оваа војната е неопходна за да се заштитат америкаците од терористички напади.

Претседателот Барак Обама во говорот пред неколку илјади воени ветерани во Феникс, Аризона, на само неколку денови од изборите во Авганистан и во услови на ескалирање на тамошните насилства изјави дека бунтот во таа земја не се случил преку ноќ и оти не може преку ноќ да биде победен.

,,Никогаш да не заборавиме. Ова не е војна по избор. Ова е неопходна војна. Тие кои ја нападнаа Америка на 9/11 сакаат тоа да го повторат. Ако им препуштиме, талибанците ќе ја шират својата зона, а тоа значи дека Ал Каида ќе може да убива повеќе американци.,,
Никогаш да не заборавиме. Ова не е војна по избор. Ова е неопходна војна. Тие кои ја нападнаа Америка на 9/11 сакаат тоа да го повторат. Ако им препуштиме, талибанците ќе ја шират својата зона, а тоа значи дека Ал Каида ќе може да убива повеќе американци...

Наведувајќи дека војната во Авганистан е основа на одбраната на американците, Обама ја образложи неговата одлука за испраќање на дополнителни 30 илјади војници, со што во наредниве неколку месеци таму ќе има околу 68 илјади американски сили. Постојат и најави дека тој број би можело да биде зголемен доколку тоа го побараат американските команданти на теренот. Наспроти ваквите трендови во Соединетите држави опаѓа јавната поддршка за војната во Авганистан. Дури 54 насто американци се против неа. Од друга страна, насилствата во Авганистан се интензивираа пред претседателските и локалните избори на 20 ти овој месец на кои треба да гласаат 17 милиони авганистанци.

,,Во изминативе недели видовме дека нашите сили ја вршат својата работа. Отидоа во нови подрачја, борејќи се со талибанците во села и градови каде што жителите беа тероризирани со години. Тие имаат нова тактика. Не е доволно само да се убиваат терористи, туку треба да се заштитат авганистанците.,,

Изјави претседателот Обама, која ја повтори неговата намера да ги повлече сите американски борбени бригади од Ирак до крајот на годинава, а преостаните до крајот на 2011. Во говорот пред ветераните во Феникс Обама ги критикуваше воената индустрија и Конгресот за непотребно трошење милијради долари од даночните обврзници. ,,Тоа едноставно не е прифатливо,, оцени тој, заканувајќи се со вето на новиот одбранбен буџет. Станува збор за 636 милијарди долари кои во минатиот месец беа одобрени од Претставничкиот дом на Конгресот, а со кои се предвидени средства за проекти што, според експертите, не и се потребни на американската војска. Агенциите јавуваат дека пред центарот каде што Обама им говорел на ветераните протестирале десетици вооружени луѓе. Во Аризона, според законот, е дозволено да се носи огнено оружје на јавни места, под услов тоа и да биде видливо. Во минатата недела на еден собир на Обама во Њу Хемпшир, бил забележан човек со пиштол на ногата. Тој на новинарите им изјави дека тоа е негова политичка изјава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG