Достапни линкови

Невремето поплави населба во Велес


Неодамнешното невреме и силни дождови предизвикаа поплава во велешката населба Дервенски поток. Со секој пообилен дожд потокот се излева од коритото и страдаат блиските куќи, па поради тоа жителите бараат итно да се започне со изградба на потпорен ѕид.

Под итно да се започне со доградба на потпорниот зид на потокот во населбата Дервенски поток. Доколку тоа не се случи при секој пообилен дожд постои можност од поплавување на дел од домовите. Но, доколку се случи да се повтори невремето од пред некој ден кога во Велес за само еден час падна 50 литри воден талог на еден метар квадратен тогаш поплавена повторно ќе биде целата населба. Жителите обвинуваат за негрижа на локалната власт иако куќите во горниот дел се градени без дозвола.
Овој дел од градот е запоставен, нема никој направено ама баш ништо, населението тука редовно си ги плака комуналиите и давачките, а можам да речам дека досега ништо не е направено


„Очекуваме од локалната власт помош, еве самите можете да видите што се случува овдека во Потокот“

„Овој дел од градот е запоставен, нема никој направено ама баш ништо, населението тука редовно си ги плака комуналиите и давачките, а можам да речам дека досега ништо не е направено“.

„Ова ние сами си го одржувавме ама божја сила ни го однесе“

велат жителите на Дервенскиот поток чии домови се целосно поплавени. Дека состојбата во оваа населба беше алармантна говори податокот дека два дена после невремето жителите беа отсечени од градот. Автомобил во Дервенски поток неможеше да се движи се додека екипите на ЈП Македонија пат и Дервен не ја остранија насобраната земја. Луѓето кои работеа на расчистување на населбата велат дека отстраниле околу 300 метри кубни земја. Индивидуалната штета семејствата ја пријавуваа во локалната самоуправа. Од таму пак на терен испадна Комисијата за проценки на штети сторени од елементарни непогоди. За неколку дена ќе се знае колкава е материјална штета, вели градоначалникот Горан Петров .
Овие проценки ќе бидат доставени до Владата, јас сум убеден дека ќе има слух од страна на Владата за да им се помогне на луѓето


„Овие проценки ќе бидат доставени до Владата, јас сум убеден дека ќе има слух од страна на Владата за да им се помогне на луѓето кои што навистина имаа големи штети бидејки вакво невреме во Велес не се памети во последните 30 години“.

Населбата Дервенски поток е една од најголемите населби во кои горниот дел од куќите се изградени без дозвола. Дванаесет години, локалната самоуправа го решава комуналниот проблем со одпадните води. Со циментирање на канал по кој постојано тече вода надлежните веруваа дека проблемот делумно е решен. Но со секој пообилен дожд потокот се излева од коритото и страдаат блиските куќи. Последното невреме можеби ќе биде повод за изнаоѓање на посоодветно решение. Жителите велат дека нивните домови од нови поплави ги спасува само градба на повисоки потпорни зидови. Од локалната самоуправа ги разгледуваат сите можни решенија, најпогодното ќе мора да се реализира бидејки тоа е обврска кон неколку илјадните жители на населбата Дервенски поток.
XS
SM
MD
LG