Достапни линкови

Владата продолжува да се рекламира


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Владиното рекламирање продолжува и покрај бројните реакции во јавноста, дека се трошат премногу пари во услови кога, и според признанието на власта, државата е во рецесија. Од владата сеуште не соопштуваат колку пари имаат потрошено за рекламирање.

По изборното затишје реактивирани се и стари и нови реклами со што Владата ги промовира своите проекти или го подига патриотското чувство, главно кај македонците. Колку чинат кампањите односно по колку илјади евра се одлеваат од државниот буџет за овие намени е едно од најнезгодините новинарски прашања на кој премиерот Груевски и неговиот тим немаат голема желба да зборуваат, по се изгледа затоа што ниту тие самите не ја знаат точната сума.
Со тоа што во некој весник ќе објавите работи што одредени министерства или друга државна институција го има како редовен начин на својата работа, тоа не е нешто што би требало да се рекламира


„Медиумите треба да отстапат дел од својот програмски простор со тоа што доле ќе се назначи дека има бесплатно рекламирање, а доколку пак во тие реклами има назнаки дека тоа е кампања на владата, тие би требало да бидат избришани.“

Изјави Јован Ананиев универзитетски професор.
Од Антикорупциската комисија, велат дека веќе имале отворен предмет за владините кампањи додавајќи дека особено ja анализирале процедурата и планирањето на средствата. Оттаму уште посочуваат дека особен акцент е ставен на тоа дали некоја фирма добила повеќе владини кампањи. Невладините организации што се занимаваат со оваа проблематика подолг период бараат не само морална и политичка, туку и кривична одговорност од Владата поради „неразумното“ трошење на парите особено сега кога и самата владејачка гарнитура признава дека земјата е во рецесија.

„Рекламите за развивање и повикување на странски туристи во Македонија, почнаа од времето на една друга влада. Јас би сакал да видам странец кој што дошол да ја види Македонија, по рекламата на Си Ен ЕН, нема врска... Со тоа што во некој весник ќе објавите работи што одредени министерства или друга државна институција го има како редовен начин на својата работа, тоа не е нешто што би требало да се рекламира.“

Вели Климе Бабунски медумиски аналитичар
Секојдневното и постојано емитување на владините реклами предизвикуваат контра ефект со што де факто паѓа во вода целиот концепт на Владата за подигнување на свеста кај граѓаните.

„Прва фаза би била некаква апатичност, а втора фаза некаков револт, значи контра пропаганда би имале во една таква ситуација.“

оценува универзитетскиот професор Јован Ананиев.
XS
SM
MD
LG