Достапни линкови

Чешка протерува руски дипломати


Според чешките медиуми, чешката влада протерува двајца дипломати од руската амбасада во Прага. Според весникот „Днес“, ќе бидат претерани заменик-военото аташе и уште еден дипломат кој моментално е на одмор, но чешките власти му препорачале да не се враќа во Прага.
Чешкиот премиер Јан Фишер одбива да коментара за тоа. Руската новинска агенција Интерфакс контактирала со руската амбасада во Прага, но и од таму рекле дека немаат коментар на наводите за протерување дипломати.
XS
SM
MD
LG