Достапни линкови

Затворен ирански опозициски весник


Партијата на водечкиот ирански реформист Мехди Каруби соопшти дека неговиот весник е привремено затворен. Претходно, весникот објави дека некои од уапсените на постизборните протести, наводно биле силувани во затвор. Весникот Етемад Е Мели е затворен по наредба на кабинетот на обвинителот, наведува партијата на Каруби.
Очевидци за западните новински агенции изјавиле дека десетици подржувачи на опозицијата се собрале пред канцелариите на весникот, да протестираат поради затворањето. Според нив, полицијата го растурила протестот.
XS
SM
MD
LG