Достапни линкови

Референдум за американското повлекување од Ирак?


Ирачката влада го отвора патот за референдум за билатералниот договор за безбедност меѓу Вашингтон и Багдад. Ако Ирачаните не го прифатат договорот, околу 130 илјади американски војници ќе треба да го напуштат Ирак, за една година, а не како што е во договорот, постепено да се повлекуваат до 2012 година. Договорот треба да биде ратификуван од парламентот во септември, по завршувањето на летните одмори. Ако ирачките законодавци распишат референдум, тој би требало да се одржи истовремено со парламентарните избори, во јануари 2010.
XS
SM
MD
LG