Достапни линкови

Адеми: Вакви инциденти почнуваат како игра, но крајот може да биде многу лош


Демократската унија за интеграција се оградува од вчерашните инциденти во скопската населба Нерези и бара од Владата и МВР да ги откријат напаѓачите и поттикнувачите на настантите.“Вакви инциденти можеби почнуваат како игра, меѓутоа крајот може да биде многу лош за сите”, изјави пратеникот на ДУИ Џевад Адеми. ДУИ, ќе побра службена информација од министерката за внатрешни работи, а доколку не ја добие, ќе се обратат и до заменик-министерот за внатрешни работи, кој е од нивните редови. Од министерката Јанкулоска ДУИ ќе побара и разрешување на командирот и на заменик-командирот на полициската станица Карпош, затоа што. според Адеми, полицијата во вчерашниот инцидент била соучесник. Осуда за инцидентот и казни за учесниците побара и партијата Нова Демократија
XS
SM
MD
LG