Достапни линкови

Парламентарна седница за Законот за Собрание


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Денеска започнува првата собраниска седница по летните одмори, на која на дневен ред е Законот за Собрание. Донесувањето на овој закон е еден од условите за добивање на позитивен извештај од ЕУ.

Недемократско донесеување на деловникот за работа во собранието, опозицијата не може да предложи точка за расправа на дневен ред, спорна е и употребата на албанскиот јазик во собранието. За овие проблеми денеска ќе се дискутира на првата собраниска седница по летните одмори. Нова демократија ќе гласа против законот за собрание доколку нивниот амандман за употреба на албанскиот јазик не биде прифатен:

„Спорно е тоа што не се споменува во ниту еден член тој закон, има член кој што се повикува на Деловникот на Собранието, но тогаш и целиот закон може да се повика на Деловникот на Собранието и незнам која би била целта на овој закон.“
Спорно е тоа што не се споменува во ниту еден член на тој закон


Вели Арјанит Хоџа од Нова Демократија.
Од ДУИ велат дека сите политички партии дале подршка за овој закон и наскоро очекуваат да биде донесен. За прашањето за албанскиот јазик својот став ќе го изнесат на седницата.

„После ставот на работната група ќе излеземе со став за законот за Собрание.“

вели Тахир Хани од ДУИ.
За барањето на Нова Демокртија Претседателот на Собранието, Трајко Велјановски вели дека го почитува законот за јазици и употребата на албанскиот јазик. За него може само да се дебатира за целосно или нецелосно спроведување на законот. Од ДПА сеуште се двоумат дали ќе ја бојкотираат денешната расправа за законот за собрание.

„Од страна на одредени политички партии, за жал беше искористен тој висок степен на консензус, беше искористен за условување за одредени прашања, што мислам дека не е погоден момент. Единствена цел на сите пратеници без оглед дали сме власт или опозицијата, треба да биде напредокот на Република Македонија.“

Вели Велјановски.
Либерално- демократската партија не е задоволна од поставеноста на опозицијата во овој момент, но нема да го оспоруваат законот и интересот на Македонија да ги започне преговорите со Европска Унија:

„Онака како што сега се поставени работите, никогаш темите кои што се деликатни за парламентарното мнозинство или Владата, никогаш нема да дојдат на дневен ред, значи она што основно го бараме и се надеваме на консензус.“

Вели пратеникот Андреј Жерновски.
СДСМ ќе го подржат законот за собрание и нема да дебатираат за своите забелешки за деловникот. Ќе ја подржат и одлуката на
Од страна на одредени политички партии, за жал беше искористен тој висок степен на консензус, беше искористен за условување за одредени прашања, што мислам дека не е погоден момент
работната комисија за двојазичноста во Собранието.

„Ние ќе го поддржиме секое решение што ќе го поддржат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како дел од иста влада. Значи ние неможеме да поддржиме било какво решение, ако во рамки на владата гледаме дека има различен став во однос на некое прашање.„

Вели Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Пред да стигне извештајот на Европска Унија за напредокот на Македонија во октомври, собранието треба да си ги исполни задачите. Треба да се донесат 4 закони - Закон за собрание, за внатрешни работи, за финансирање на политички партии и за државни службеници.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG