Достапни линкови

logo-print

Дисперзираните студии не функционираат?


Влада на РМ

Влада на РМ

Иако владата отвори неколку факултети во повеќе градови во земјава, согласно проектот за дисперзирани студии, тие се соочуваат со повеќе проблеми. Главно поради недостатокот на кадар и немањето на услови на тие факултети, се чини дека Скопје и натаму останува главен универзитетски центар.

Минатата година Владата донесе одлука да отвори дисперзирани студии во повеќе градови низ земјава од сите државни универзитети. Но, со нивното отварање се појавија низа проблеми. Студиите започнаа во несоодветни објекти, имаше и недостиг на професорски кадар, но и на ректоратите не им беа дадени ветените пари од Владата. Струга е еден од градовите каде што се отворија вакви студии. Градоначалникот Рамиз Мерку вели дека секој град сака младите луѓе да останат да студираат во своето родното место, но само во
Нема основа, нема сила за дисперзирани студии, тоа директно се одразува на немањето кадри и насочување на слаби кадри
адекватни услови кои сеуште ги нема.

„Сепак во вакви времиња кога претходно не се создаваат услови за студирање и соодветен кадар, незнам колку ќе биде добро понатаму. Да не испадне дека се што се прави во интерес на градот и на студентите од тој град и нивните родители, не е така добро.“

Со воведувањето на дисперзираните студии Владата уште повеќе го уништува и не толку високиот квалитет на студиите во земјава, вели професорот на Правниот факултет Љубомир Фрчкоски.

„Нема основа, нема сила за дисперзирани студии, тоа директно се одразува на немањето кадри и насочување на слаби кадри, на низок степен на студиите и потоа на едно општо забушување, односно студиите се оддржуваат во Скопје, а се глуми дека се дисперзирани во Велес или Штип, што се прави на неколку факултети.“

Принципот на воведување на дисперзирани студии беше направен кога имаше мал број на универитети, но сега кога има повеќе
Сега кога се формирани поголем број на универзитети, веќе не потребно да се формираат такви дисперзирани студии, клучно е да се зајакнат тие универзитети
ваквите студии не се потребни вели поранешниот министер за образование Ненад Новковски. Потребно е овие пари да се вложат во постоечките државни универзитети, вели тој.

„Сега кога се формирани поголем број на универзитети, веќе не потребно да се формираат такви дисперзирани студии, клучно е да се зајакнат тие универзитети, за да функционираат максимално добро, за студентите постојано да бидат во еден академски амбиент, што неможе да се даде одделно.“

Најновите дисперзирани студии Владата ги отвори во Радовиш каде сега ќе има Електро техички факултет и во Свети Николе каде ќе има Земјоделски факултет и двата дел од Штипскиот универзитет.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG