Достапни линкови

Вчерашниот инцидент не оди во прилог на соживотот


Нереди меѓу навивачите на Вардар и жителите на Нерези

Нереди меѓу навивачите на Вардар и жителите на Нерези

Вчерашните немири меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Вардар и жители од скопската населба Нерези, негативно се одразуваат врз меѓуетничките односи, велат експертите. МВР досега приведе неколку лица и работи на расветлување на случајот.

Неколкумина се приведени по вчерашните инциденти меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Вардар и жителите на скопската населба Нерези. Од МВР велат дека работат да го расветлат случајот и да ги најдат предизвикувачите на немирите. Во вчерашните инциденти, беа повредени повеќе од 10 луѓе, а искршени и каменувани се неколку домови и автомобили. Експертите за меѓуетнички односи велат дека вчерашните настани ја поматија добрата слика за соживот меѓу македонското и албанското население. Професор Мирјана Малевска вели дека сега државата и нејзините институци треба да ги најдат виновниците, да ги изнесат пред суд, со што ќе покажат дека подеднакво се грижат за сите ѓрагани. А политичките лидери треба да се воздржуваат од екстремизам во своите говори.

„Користење на националните чувства на граѓаните за да се здобијат со евтини политички поени не водејќи сметка дека ќе нанесат штета на меѓуетничките односи, стабилноста на државата и интересите на сите граѓани.“

Професор Малевска вели дека е разочарувачки тоа што во нередите беа вклучени млади луѓе кои не покажуваа толерантност.
Користење на националните чувства на граѓаните за да се здобијат со евтини политички поени не водејќи сметка дека ќе нанесат штета на меѓуетничките односи, стабилноста на државата и интересите на сите граѓани
Училиштата, а и самото општесто малку прават во воспитувањето на младите за почитување на меѓуетничките односи во земјата, вели политикологот Хисен Рамадани. Тој вели дека со изјави кои се националистички се труе младината, а потоа произлегуваат вакви инциденти кои не му одат во прилог на соживотот меѓу македонците и албанците.

„Во нашите училишта не се предава материјалот кој што е предвиден со програмата, туку наставниците слободно си зборуваат националистички содржини кои ги всадуваат. По секоја цена да се всадува национализам како едно одредување за човечкиот и националниот идентитет, е многу опасно за нашето општество.“

Инцидентите ескалираа вчера попладне кога жителите на Нерези и навивачите на Вардар си разменуваа тупаници и се каменуваа на булеварот Партизански одреди кај мостот Обединети Нации. Според жителите на Нерези, тие биле нападнати од Комитите кога тие оделе на стадионот да го следат натпреварот меѓу Вардар и Македонија ЃП,.Навивачите пак велат дека тие биле нападнати и испровоцирани од жителите на Нерези.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG