Достапни линкови

Расте бројот на жртвите во Ингушетија


Најмалку 18 лица, загинале во експлозија на камион бомба пред полициска станица во Назран. При тоа околу 60 лица се ранети кога камионот се втурнал во службениците кои влегувале на работа во станицата. Назран е главен град на руската република Ингушетија во која се чести нападите на исламските милитанти поврзани со криминални кланови. Претседателот на овој претежно муслимански регион Јунус Бек Јевкуров беше тешко повреден во напад во Јуни годинава. Вршителот на должноста Претседател Рашид Гаисанов денеска прогласи три дневна жалост.
XS
SM
MD
LG