Достапни линкови

Прв уписен рок на државните универзитети во Македонија


Денеска започнува првиот уписен рок на државните високо образовни институции во учебната 2009/2010 година. На овие универзитети има место за 23.558 бруцоши. Документи за прием во првиот уписен рок, на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“ во Битола и на Универзитетот за информатички технологии во Охрид идните студенти ќе можат да поднесуваат до вторник, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип до среда и на Државниот универитет во Тетово до петок. Како што соопшти Министерството за образование и наука, на 63 факултети на петте државни универзитети има 14.578 места за редовни студенти, во квотата со кофинансирање се обезбедени 6.208 слободни места, како и 2.772 слободни места за студентите кои вонредно ќе ја следат наставата.
XS
SM
MD
LG