Достапни линкови

Во Сеул заедничка американско- јужнокорејска воена вежба


Американско- јужнокорејски воени вежби почнуваат денеска во Сеул. Вежбите на кои ќе учествуваат 10 илјади американски и 56 илјади јужнокорејски војници, ќе траат до 27 август. Северна Кореја во пресрет на одржувањето на воените вежби соопшти дека нејзината војска и населението се во зголемен степен на готовност и оти на секоја воена провокација ќе одговорат со сите расположливи средства, вклучувајќи го и нуклеарното оружје. САД и Јужна Кореја во јули ја известиле Северна Кореја дека ќе одржуваат воени вежби.
XS
SM
MD
LG