Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад на пазар во Багдад


Во експлозија на бомба на пазар во Багдад, 8 луѓе загинале а 21 се ранети, соопштуваат ирачките власти. Меѓу повредените има и 5 деца. Ова е последниот од серијата напади врз муслиманите Шиити во Багдад. Според кажувањата на американските војници во Ирак, ова се обиди за разгорување на нетрпеливоста меѓу сектите, но досега Шиитите не одговараат на провокацииите. Насилството е зголемено по повлекувањето на американските трупи од ирачките градови, што започна на 30 јуни годинава.
XS
SM
MD
LG