Достапни линкови

Инцидентот што го предизвикаа фудбалските навивачи - меѓуетнички?


Жителите на Нерези се организирале и ги пречекале навивачите на Вардар кои се враќале од населбата Ѓорче Петров, по натпреварот со тамошниот тим. Улицата Партизанска беше блокирана за да не дојде до повторен судир меѓу жителите на Нерези и дел од навивачите.
Претходно, хулиганите, со обележја на навивачката група Комити, со камења ги нападнале жителите на Нерези, наводно влегле и во некои домови, а каменувале и возила. Жителите на Нерези се жалат дека полицијата не ги заштитила. Тие сметаат дека биле нападнати затоа што се Албанци, иако според медиумите, настрадале и автомобили на Македонци. Досега, во врска со овој случај во подрачната полициска станица се извршени разговори со десетина лица, велат во МВР.
XS
SM
MD
LG