Достапни линкови

Фудбалски хулигани дивееја во Скопје


Дел од навивачите на фудбалскиот клуб Вардар попладнево предизвикаа инцидент, пред натпреварот на Вардар со Македонија Ѓорче Петров. Хулиганите, со обележја на навивачката група Комити, со камења ги нападнале жителите на населбата Нерези, во општина Карпош, а каменувале и возила. Македонските медиуми јавуваат дека четворица луѓе се потешко, а десетина полесно повредени. Очевидци велат дека толпата, дури и влегувала во домовите на луѓето, за да ги нападнат.
Според полицијата, епилогот од нередите се тројца полесно повредени граѓани и четири искршени автомобили.

XS
SM
MD
LG