Достапни линкови

Судир на руски воени авиони


Два руски воени авиони се судрија, додека вежбале за големо воздухопловно шоу блиску до Москва. Еден од авионите паднал врз куќи.
Руските медиуми објавија дека еден од пилотите загинал, а една жена на земја била повредена од остатоците од авионите. Другите тројца пилоти што се катапултирале се во „задоволителна“ состојба, велат во руското воздухопловство.
Двата авиони Сухој-27 биле дел од елитната летечка трупа Руски Витези. Тие се подготвувале да настапат на воздухопловното шоу МАКС-2009, кое почнува на 18 август. Тоа е најголемата и најважна егзибиција, за руската воздухопловна и космичка индустрија.
XS
SM
MD
LG