Достапни линкови

logo-print

За прв пат министерки во Иран


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, денеска, соопшти дека планира, во неговиот нов кабинет, да назначи најмалку две министерки. Тоа би биле првите жени на министерска функција, по исламската револуција од 1979 година. Новинската агенција ИЛНА објави дека Ахмадинеџад ќе го претстави новиот состав на неговиот кабинет пред парламентот, во наредните неколку денови.
Ахмадинеџад го почна вториот претседателски мандат на 5 август, по победата на контроверзните избори, кои опозицијата ги смета за наместени. Во неговиот прв четригодишен мандат тој беше критикуван дека назначил неискусни министри.
XS
SM
MD
LG