Достапни линкови

25 години од првите напади на Курдските бунтовници во Турција


Со пораки за помирување, Турција, викендов обележува 25 години од првите напади на курдските бунтовници. Борбите почнаа на 15 август 1984 година, кога сепаратистичките бунтовници нападнаа воени и полициски единици во југоистичните градови Ерух и Семдинли. По нападите, курдските бунтовници се повлекуваа во своите бази во северен Ирак. Од тогаш, во борбите загинаа околу 40 илјади луѓе. Курдските активисти, вчера, во присуство на голем број припадници на безбедносните сили, одржаа фестивал во градот Ерух.

XS
SM
MD
LG