Достапни линкови

Хосни Мубарак во официјална посета на САД


Египетскиот претседател Хосни Мубарак е во официјална посета на САД, прва по пет години. Мубарак ќе се сретне со неговиот американски колега Барак Обама, во вторник. Претседателите ќе разговораат за постигнување мир на Блискиот Исток, за иранската нуклеарна програма и за Судан, информира египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Абул Геит.
Предвидено е утре Мубарак да се сретне и со лидерите на американско-еврејските организации.
XS
SM
MD
LG