Достапни линкови

logo-print

Велешките таксисти куртулија поради економската криза


Таксисти

Таксисти

Економската криза ги спаси таксистите. Шаренилото од такси автомобилите ќе трае до крајот на оваа година. Локалната самоуправа одлучи од наредната година стапува на сила одлуката такси возилата да бидат во жолта боја.

Дополнителен перод добија велешките таксисти за да ги префарбаат такси возилата во жолта боја. Крајниот рок до кога ќе може да ја обавуваат дејноста со автомобили во различна боја е 31 декември оваа година. Ваквата одлука делумно ги изненади таски возачите.

„Мислам дека е доволен меѓутоа треба некои други мерки да се средат би рекол дека бојата е најмал проблем“,
„Минимум е 600-700 евра да се префарба, неможе со ваљаче да фарбаш а за една година да ги пролонгираш не се исплати“.

Одлуката за продолжување на рокот ја донесе градоначалникот Петров. Утврдил дека поради лошата економска состојба таксистите
Пролонгирањето на рокот или предлог одлуката од страна на градоначалникот оди во контекст на настојувањата на Општината да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните особено да им помогне на некој начин во оваа тешка економска состојба, овде се работи за една специфична целна група на граѓани односно за такси тревозници. Но ова незначи дека Општината се откажува од идејата за имплементација или примена на законот
неможат да се изложуваат на нови давачки. Општинскиот портпарол Јадранка Стефкова вели дека одлуката за одложување незначи и откажување од идејата за воведување единствена боја во такси превозот.

„Пролонгирањето на рокот или предлог одлуката од страна на градоначалникот оди во контекст на настојувањата на Општината да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните особено да им помогне на некој начин во оваа тешка економска состојба, овде се работи за една специфична целна група на граѓани односно за такси тревозници. Но ова незначи дека Општината се откажува од идејата за имплементација или примена на законот“.

Промената на бојата на автомобилите не е единствениот проблем со кој се соочуваат легалнните таксисти. Нелегалните таксисти според нив и понатаму се низ улиците. Нагласуваат дека за ваквата состојба придонесува слабата контрола на полицијата и сообраќајниот инспектор.

„Има многу без лиценци, не ги продолжуваат, не гонат тие што имаме лиценци другите не ги гонат, слаба е контролата си возат кој што сака и како сака“,

„Имаме проблем со такси паркинзите, физички лица ни се паркираат редовно а сообраќајците не реагираат, трчаат по нас цело време“.

Додека дел од такси превозниците размислуваат на кој мајстор да му го доверат автомобилот на фарбање, автолимарите посакуваат Одлуката за воведување на единствена боја на такси превозот конечно од идната година да стапи на сила.
XS
SM
MD
LG