Достапни линкови

Затворениот Американец го напушти Мјанмар


Американецот Џон Јетоу, кој беше во затвор во Мјанмар, денеска ја напушти земјата. Тој беше ослободен од затвор, откако американскиот сенатор Џим Веб се сретна со лидерите на воениот режим во Мјанмар.
Јетоу беше осуден на седум години принудна работа, поради тоа што, во мај, доплива до куќата на демократскиот лидер на Мјанмар Анг Сан Су Чи и со тоа ги прекрши правилата на нејзиниот домашен притвор. Поради тој инцидент, таа доби продолжување на притворот од 18 месеци.
XS
SM
MD
LG