Достапни линкови

Побаран откуп за исчезнатиот брод


За товарниот брод со руски екипаж, што исчезна кон крајот на јули е побаран откуп од сопственикот на бродот, компанијата Сол чарт менаџмент, соопштува финската полиција.
Министерството за одбрана на Франција, вчера соопшти дека бродот е виден во близина на Зелено’ртските острови, близу западниот брег на Африка. Бродот, кој плови под малтешко знаме, пред три недели испловил од Финска, натоварен со шест илјади тони дрво што требало да го однесе во Алжир.

XS
SM
MD
LG