Достапни линкови

logo-print

Македонски војници повредени во Авганистан


Четворица припадници на АРМ се здобија со полесни повреди на лицето, во денешната експлозија на автомобил бомба, активирана од бомбаш-самоубиец пред главната команда на меѓународните сили во Кабул, соопштува Министерството за одбрана.
Експлозијата се случила утрово, додека војниците извршувале редовни задачи во рамките на мисијата на НАТО во Авганистан.
На македонските војници, кои добиле гребнатини на лицето, веднаш им била укажана лекарска помош и поради добрата здравствена состојба, се вратиле на извршување на редовните задачи.
Претходно, странските агенции објавија дека, во нападот, загинале седум луѓе, а 91 е повреден.
Во моментов, главната команда на меѓународните сили во Кабул ја обезбедуваат 148 припадници на АРМ, кои се од составот на Втората механизирана пешадиска чета. Во оваа мисија се распоредени, вкупно, 164 припадници на АРМ

XS
SM
MD
LG