Достапни линкови

Русија му купува блиндиран автомобил на Јевкуров


Претседателот на Ингушетија Јунус Бек Јевкуров ќе добие нов блиндиран Мерцедес од Москва, за да се заштити од нови бомбашки напади. Портпаролот на ингушетискиот претседател информира дека автомобилот од 500 илјади долари чека на враќањето на претседателот.
Јевкуров се здоби со сериозни повреди на главата, по бомбашкиот напад на претседателскиот конвој од 22 јуни. Тој очекува да се врати во Ингушетија кон крајот на месецов, по речиси двомесечниот болнички третман во Москва.
XS
SM
MD
LG