Достапни линкови

Неделен печат – ,,Партиска селекција на фудбалката публика"


Сто години фудбал во Македонија

Сто години фудбал во Македонија

Неделниците во Македонија се занимаваат со аферата околу билетите за фудбалскиот натпревар со Шпанија. Неделникот ,,Сега" ги обработува и односите меѓу МПЦ и СПЦ

И неделникот ,,Глобус,, се занимава со аферата со билетите по повод гостувањето на шпанската фудбалска репрезентација којашто во изминатава недела ги преокупира медиумите и јавноста во земјава. ,,Партиска селекција на фудбалската публика,,пишува на насловната страница овој неделник, со поднаслов дека ,,Цела Македонија, не само нејзиниот портокалов дел, поцрвене од срам пред очите на Европа,,. Спроведувајќи ја во дело идејата на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува ,,Глобус,, дека е цело само кога ќе се зграпчи буквално се ( од политиката, преку МАНУ и МПЦ, до фолк-фестивалите, археологијата и восочните фигури) актуелната власт успеа наместо ретката шанса да организира спортски спектакл,да ја врзе Македонија на столбот на срамот,,.

Арената Филип 2 во Скопје пред мечот со Шпанија
Неделникот ,,Сега,,во статијата насловена како ,,СПЦ во битка против македонскиот народ,, детално ги обработува односите меѓу Српската и Македонската православна црква, акцентирајќи дека спорот меѓу двете цркви добива политичка димензија, а крајниот резултат на ова повеќедецениско прашање е во тесна релација со решавањето на грчко-македонскиор спор за името. ,,Сега,, заклучува дека според каноните, црковните граници ги следат државните, а не свештени лица да подготвуваат терен за промена во државните граници, алудирајќи на фактот што СПЦ, прекршувајќи ги сите канонски правила, го ракоположи расчинетиот владика Јован, кој, пак, во Македонија ја формира таканаречената Православна Охридска епископија. Вториот текст во неделникот ,,Сега,, е, според признанието на редакцијата, зашто текстот е непотпишан, за една ласцивна,или на разбирлив јазик кажано, развратна приказна за озборувањата во скопските маалски кругови дека љубовникот на сопругата на познат политичар ќе стане дипломат, поточно амабасадор за да се спасел бракот на, цитирам, политичарот рогоносец. Овој текст, инаку под нивото на политички неделник каков што претендира да биде ,,Сега,, го вклучувам во прегледов само поради неговата поента: Во општества, пишува неделникот, во кои растат неслободата и цензурата, чаршијата станува моќна институција, таа преде приказни во огромни ,,тиражи,,што не можат да се повлечат. При ова, неделникот го посочува неодамнешниот пример со еден месечник-таблоид во кој газдата интервенирал кај главниот уредник да се повлече текстот за љубовна афера меѓу министер и министерка во Владата на Груевски,а според,,Сега,, и самата редакцијата признавала дека имало и телефонски реакции од највисоките владини кругови.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG