Достапни линкови

Американскиот сенатор се сретна со властите на Мјанмар


Американскиот сенатор Џим Веб се сретна со водачот на воениот режим на Мјанмар. Се очекува, Веб, со тамошните власти, да разговара за судбината на американецот осуден на седум години принудна работа, зашто доплива до домот на нобеловката Анг Сан Су Чи, која е во домашен притвор. Сенаторот Веб, кој е претседавач на поткомитетот за Источна Азија и Пацификот, е првиот висок американски претставник што се сретнал со лидерите на режимот во Мјанмар.

XS
SM
MD
LG