Достапни линкови

Исчезнатиот брод - забележан во Африка


Исчезнатиот брод со руски екипаж бил забележан во близина на Зелено’ртските острови, на африканскиот западен брег. Командантот на француската морнаричка известувачка служба, за агенцијата Франс Прес изјавил дека португалски авион го надлетал бродот.
Бродот се изгубил од радарите, пред две недели, во каналот Ла Манш.
Деновиве, руски воени бродови го пребаруваат Атлантскиот Океан во потрага по исчезнатиот брод, кој плови под малтешко знаме.

XS
SM
MD
LG