Достапни линкови

Спомен куќа на Ататурк во Центар Жупа


Во селото Коџаџик, во општина Центар Жупа, утре ќе биде поставен камен темелник на спомен куќата на таткото на совермена Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
Спомен куќата ќе се гради врз темелите на некогашната куќа на таткото на Ататурк, Али Риза.
Заедно со изградбата на патот до спомен куќата, вкупната инвестиција ќе изнесува 650 илјади евра.
Со изградбата на спомен куќата, вели градоначалникот Мазлум Хасан, се очекува голем број туристи и почитувачи на делото на Ататурк да го посетуваат ова место.
XS
SM
MD
LG