Достапни линкови

Ахмети- работите околу името во добар правец


Можам да кажам дека работите се движат во добар правец, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети одговарајки на новинарско прашање за ставот на ДУИ околу спорот со името меѓу Македонија и Грција, Ахмети додаде и дека и тогаш и сега ДУИ е заинтересирана и подготвена да биде дел од процесот на преговори. Во врска со Рамковниот договор, Ахмети изјави дека не само што на Алабанците им се даде шанса да ги остварат нивните права, туку и на Македонија и се даде шанса да биде дел од напредниот свет.
XS
SM
MD
LG