Достапни линкови

Младите немаат влијание во општеството?


Скопје
Скопје

Младите во Македонија досега немале речиси никакво влијание во донесувањето на одлуки кои го засегаат општеството, велат од невладината организација ,,Млади за млади“. Никој не ги прашува за мислење околу спорот со името, влезот на државата во НАТО и ЕУ и други битни прашања.

Колку младите кај нас се вклучени и учествуваат во донесување на одлуки во општеството, како што се спорот со името, влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ и ред други прашања со кои секојдневно се соочува нашата земја важни за нејзиниот напредок? Младите досега немале никакво влијание во земјава и речиси никогаш досега не разговарале јавно за прашањата кои ги засегаат, вели Мики Трајкоски од невладината организација Млади за Млади.
Никој не го интересира што имаме да кажеме


„Дефинитивно младите до сега немале некое влијание во општеството, а на што се должи сето тоа е знак прашање во однос на тоа како политиката ја водат организациите, се мисли на политика треба да каже јасен став во општеството, односно да се разговара јавно за круцијални прашања што ги засегаат младите.“

Младите велат никој не е заинтересиран да го слушне нивниот глас.

„Никој не го интересира што имаме да кажеме.“

„Никој не е засегнат, никој не го слуша тоа што го говориме.“

„Никој не го засега што мислат младите за било што во земјава.“

Најверојатно сеуште постои страв кај постарите генерации и нив да ги вклучат, особено тоа е присутно во политиката вели социологот
Тоа говори и за низок степен на демократизација на општестовото, таа поделеност на млади и стари на зрели и незрели е присутна во македонскиот политички амбиент и таа се пренесува одреден период
Илија Ацевски.

„Тоа кај нас е некако како традиција, младите се незрели да донесуваат некакви одлуки, постои некаков страв од оние кои што се наоѓаат главно во тие форуми, да ги вклучуваат. Тоа говори и за низок степен на демократизација на општестовото, таа поделеност на млади и стари на зрели и незрели е присутна во македонскиот политички амбиент и таа се пренесува одреден период.“

Но, и членството во некоја политичка партија не е гаранција дека тие ќе успеат да го приложат својот став и да променат нешто во земјава. Младите само го следат мислењето на нивните надредени вели Трајкоски.

„Тие дефинитвно неможат да го кажат својот став, туку тој е диригиран од друга страна, односно од политичката партија и тоа веќе не е став на младите кои што сакаат да променат нешто во општеството.“

Во април оваа година Агенцијата за млади и спорт донесе националната стратегија за младите од земјава, која се стреми кон подобрување на положбата и задоволување на нивните потреби и интереси. Од Млади за Млади велат дека оваа стратегијата сеуште не се спроведува.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG