Достапни линкови

Викендов нема консултации за името


Последната средба на државниот врв за името

Последната средба на државниот врв за името

Македонскиот државен врв чека на амбасадорот Зоран Јолевски за да одржи консултативна средба за името. Крајот на август е терминот до кога Македонија и Грција треба да се изјаснат за последниот предлог на медијаторот Нимиц.

Македонскиот државен врв чека на амбасадорот Зоран Јолевски за да одржи консултативна средба на која ќе се договори македонскиот став за спорот за името со Грција. Медијаторот во спорот, Метју Нимиц, при последната посета на земјава, изјави дека очекува одговор од двете страни најдоцна до крајот на месецов. Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, при вчерашната посета на Скопската чаршија, рече дека државниот врв го чека Јолевски да го одржат консултативна средба. Но од кабинетот на претседателот велат дека во наредниве неколку дена нема да има средба. Од МНР велат дека министерот Антонио Милошевски, се враќа во Македонија вечерва, така да за викендов не се очекува средба, но таа може да се случи на почетокот на наредната недела. Политикологот Владимир Мисев
Преговорите, значи процесот не завршува, преговорите си траат, треба да се договорат деталите, тоа се суштински важни прашања, за јазикот, употребата на придавката македонски итн. доколку се најде прифатливо име за меѓународната употреба пред се
од Институтот за демократија вели дека доколку и двете страни се најдат на иста линија, а од Грција има најави дека нема да го одбијат предлогот, преговорите ќе се интензивираат и ќе се намали нивниот опсег.

„Преговорите, значи процесот не завршува, преговорите си траат, треба да се договорат деталите, тоа се суштински важни прашања, за јазикот, употребата на придавката македонски итн. доколку се најде прифатливо име за меѓународната употреба пред се.„

Меѓународниот фактор во неколку наврати потсети дека прашањето за името треба што поскоро да се реши. И Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, при посетата на Косово изјави дека жали што проблемот со името стана пречка за приемот на Македонија во НАТО. Тој рече дека решавањето на спорот со името со Грција ќе биде една од неговите главни прашања и дека двете земји треба да најдат решение. Аналитичарот Алберт Муслиу, вели дека Македонија е таа која треба да превзеде чекои за решавање на спорот, затоа што Грција е меѓународна интегрирана за разлика од Македонија.

„Постојат две причини или недостиг на воља и храброст да се реши ова прашање, што е очигледно главен кочничар и незаобиколен кочничар за нашата НАТО, а како што е најавено и за нашите европски интеграции или се очекува некое чудо.“

Вели Муслиу.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG